Јапонската владејачка коалиција на денешните избори го задржа мнозинството во Горниот дом на Парламентот на Јапонија, Домот на советниците.
Според првичните резултати од денешното гласање за избор на половина од членовите на Домот на советниците, односно 121 од вкупно 242 места, владејачката коалицијата соствена од либерално-конзервативната Либерално демократска партија (ЈМТ) на премиерот Шинѕо Абе и религиозната конзервативна партија Комеито, освоила меѓу 67 и 76 мандати.
Од друга страна, водечката опозициска сила, социјал-либералната Демократска партија (МТ) освоила околку 40 места, а останатите мандати им припаднале на некои од помалите партии.
Како што наведуваат јапонските медиуми, по денешното гласање владејачката коалиција со поддршка на некои од помалите партии би можела да обезбеди дури и двотретинско мнозинство во Домот на советниците, што би и овозможило да изврши промени на Уставот.
Аналиитчарите денешното гласање го оценуваа како референдумско изјаснување за политиката на Абе за заживување на јапонската економија.