Научници од универзитетите Харвард и Оксфорд изработиле анализа за тоа колку долго може да се развива живот околу ѕвездите со поволни животни услови.
Периодот на услови за живот во близина на една ѕвезда директно зависи од долговечноста на самата ѕвезда, се наведува во истражувањето.
Исклучок е само ако ѕвездата престане да постои поради неприродни причини, на пример поради судар со небесни тела или под влијание на други уништувачки сили.
Според податоците на истражувачите, животот може да посоти во подрачје околу ѕвезда која е од 0,08 до 3,7 пати потешка од Сонцето. при тоа, тежината на ѕвездата е обратно пропорционална со должина на животот: колку е полесна ѕвездата, подолго ќе постојат живи организами.
Најраспространети ѕвезди во Вселената се црвените џуџиња. Тие се одликуваат со мала тежина и можат да постојат и да одржуваат живот околу себе во текот на десет билиони години.
Ѕвездите пак кои се слични на Сонцето во процесот на својата еволуција преживуваат различни стадииуми на развој, а по десет милијарди години се претвораат во бели џуџиња.
Во секоја од овие периоди ѕвездата може да направи неповолни услови за живот за околните планети. Процесот на настанување на ѕвездите почнал 30 милиони години по Големата експлозија. Планетарните системи почнале да се појавуваат многу подоцна, откако се формирале нови генерации ѕвезди.
Научниците сметаат дека тоа е и точката на почетокот на постоење на животот во Вселената, кој е ограничен со траењето на најстабилните ѕвезди, кое е проценето на околу десет милиони години.