Булвар Волтер – Париз
Сорос веќе има нов непријател, а тоа е Кина. Финансиерот, кој создаде богатство вредно 24 милијарди долари од мешетарења на пазарите, неодамна беше вклучен во информациска војна со кинеската влада. На форумот во Давос, тој објави дека ќе се залага за посредување меѓу азиските валути заради неизбежното „приземјување“ на Кина. Кинеската информациска агенција Синхуа веднаш ги отфрли неговите тврдења и објави дека милијардерот веќе правел слични прогнози и во минатото.
На 7 јуни Пекинг направи нов чекор откако му се закани на инвеститорот во случај да се обиде да и објави војна на кинеската валута. „Провокациите на Сорос против јуанот и хонгконшкиот долар немаат никакви шанси за успех“, изјави портпарол на владата во коминике на кое беше му дадена даден широк публицитет во глобалните медиуми од типот Фајненшел тајмс и Гардијан.
Во официјалниот весник на Кинеската комунистичка партија, Женмин Жибао, се појави статија со следниот наслов: „Објавување војна на кинеската валута? Смешно!“
Многу добро информираната веб страна ЗероХеџ, која го преведе текстот од мандарински јазик, посочи дека САД страдаат од „холандски синдром“ (синоним на стокхолмски синдром, при што жртвата почнува да покажува приврзеност кон својот киднапер) и од „финансиски предатори“.
Материјалот, се разбира, беше објавен како одговор на изјавата на Сорос кој неодамна продолжи со своите искази по Давос и вo етерот на телевизијата Блумбрег. Тој изјави дека „брутално приземјување на Кина е неизбежно“, и лицемерно дополни: „Не го посакувам тоа, но веќе го забележувам“.
Кратко потсетување на подвизите на Сорос: во 1992 година тој и нанесе силен удар на британската фунта и ја фрли на колена Бенк оф Ингленд, принудувајќи ја британската влада да ја повлече својата валута од европскиот механизам за размена. Тоа беше вистински земјотрес! Да не ја заборавиме и неговата офанзива врз тајландскиот бар во 1997 година, која зафати редица азиски економии по објавата на неплатежноспосoбноста на државата.
Дури и да можеме да прифатиме дека Сорос не му се заканува директно на кинескиот јуан, сепак неговата репутација дека ја кутнал Бенк оф Ингленд е доволна за да го натера Пекинг да биде на штрек. Острата реакција на Кина на адреса на финансиерот може да се види во напорите на владата која ќе ги санкционира строго сите оние кои ќе настапат како шпекуланти и ќе се обидат да го пресрвтат нивниот пазар.
Денес Кина не е во економскиот зенит и целата таа работа уште еднаш ја покажува неоконзервативната офанзива против земјите кои би можеле да ја оспорат хегемонијата на „империјата“ Соединетите држави, туку тука поточно станува збор за Кина и Русија, кои Сорос садистички се обидува да ги уништи на секој можен начин.
Доналд Трамп редовно се жали дека Кинезите ја девалвираат својата валута, што пак е контрапродуктивно за американската економија… „САД треба да направат така што Кинезите ќе престанат да ни го јадат оброкот“, подвлече Трамп со неговиот колоритен начин на изразување. Јас всушност нема да правам паралела меѓу Сорос и Трамп, затоа што Трамп попрво би одбрал да склучи „добра зделка“ со Кинезите, отколку да се наметне во улогата на ѓаволот, како Сорос.