Три милиони потписи за нов референдум во Велика Британија

Од:

На петицијата со која се бара ревидирање на резултатите од референдумот за излегување на Велика Британија од Европска унија, досега се потпишаа три милиони луѓе.

Според британскиот закон, за разгледување на петиција во Парламентот се неопходни 100.000 потписи, така што пратениците можат да го разгледаат барањето следната недела.

– Ние, долупотпишаните, бараме од Владата да го спроведе правилото, според кое, ако гласачите за или против (членството во ЕУ) се помалку од 60 отсто, а излезноста е под 75 отсто, тогаш треба да се организира нов референдум, се наведува во текстот на петицијата. 

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он