Земан: Шкотска ќе си оди и ќе влезе во ЕУ, а Британија веќе нема да биде голема

Од:

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија, според чешкиот претседател Милош Земан ќе значи и заминување на Шкотска од Велика Британија и нејзин влез во ЕУ, јави дописникот на МИА од Прага. 

– Велика Британија без Шкотска веќе нема да биде голема, изјави Земан во интервју за чешката телевизија Прима. Тој додаде дека не верува дека ЕУ ќе ја напуштат и други земји. 

– Тоа ќе има многу значајно влијание врз британската економија, оцени Земан, кој смета дека заминувањето на Британија од ЕУ, ќе доведе до значително „оладување“ на политичките односи на Англија со остатокот од Европа. 

Земан подвлече дека и европските политичари сносат дел од вината за резултатите од референдумот во Велика Британија. 

– Ако европските политичари беа вистински личности немаше да се случи Брегзит. Владимир Путин со ова заминување ништо не губи, ниту добива. Но Велика Британија ќе биде малку послаба и Европската унија ќе биде многу послаба, смета Земан.

Уште пред неколку дена, Земан изјави дека на исходот од референдумот во Велика Британија значително придонел стравот од миграцијата кој го чувствува поголем дел од британските граѓани.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он