По референдумот во Британија на кој мнозинството граѓани се изјаснија за излегување од ЕУ, Европскиот парламент и неговиот претседател Мартин Шулц, сакаат што побрзо да започне процедурата за излез на земјата од унијата и веќе на Британците им поставија рок до вторник официјално да го покренат прашањето.
За да почне процедурата, Лондон мора најпрво официјално да поднесе барање за излез од ЕУ.
-Велика Британија уште од своето пристапување, тоа значи цели 43 години, имаше специјален и нејасен однос кон ЕУ. Во многу политики на ЕУ таа не учествуваше, што не е случај со другите членки на унијата, кажа Шулц .