Високиот белгиски дипломат Дидие Сиоус е избран за главен преговарач на ЕУ по излегувањето на Велика Британија од Унијата, тврдат дипломати во Брисел.
Сиоус ќе ја предводи т.н. работна група за Брегзит во Советот на министрите на ЕУ, кој ги претставува земјите членки.
Сиоус беше шеф на кабинетот на поранешниот претседател на Европскиот совет, Херман ван Ромпуј до крајот на 2014 година. Моментно тој е директор во Советот на министрите на ЕУ.