Претседателот на Европскиот парламент Мартин Шулц смета дека е скандалозно тоа што британскиот премиер Дејвид Камерон одлучил да поднесе оставка дури во октомври по изгласувањето Брегзит.
– Кога Камерон во 2013 година ја објави намерата да организира референдум за членството на Велика Британија во ЕУ, тој го зема под залог целиот континент поради своите тактички преговори, истакна синоќа германскиот социјалдемократ.
По вчерашната одлука за излез на Британија од ЕУ, Камерон објави дека поднесува оставка, нагласувајќи дека ќе ја напушти функцијата по изборот на нов лидер на конгресот на Конзервативната партија на почетокот од октомври оваа година.
– Повторно цел континент се држи како заложник поради внатрепартиските решенија на британската Конзервативна партија. партискиот конгрес може да се свика уште утре доколку постои добра волја, изјави Шулц.