САД се уверени дека тесните односи со Велика Британија во областа на одбраната и безбедноста ќе продолжат, изјави портпаролот на Пентагон, Питер Кук.
– Американскиот министер за одбрана Ештон Картер телефонски разговарал со
својот британски колега Мајкл Фалон во врска со резултатите од референдумот, истакна Кук.
Според него, САД се уверени дека Британија ќе остане силен сојузник на НАТО и ќе продолжи да ги извршува важните функции.
– Партнерството меѓу САД и Велика Британија околу антитероризмот и други прашања за национална безбедност останува силно и ќе продолжи во иднина, нагласи портпаролот.