Јункер: Веднаш да почнат преговорите за напуштањето на Британија

Од:

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека сака веднаш да почнат преговорите по излегувањето на Велика Британија од ЕУ и нема причина да се чека до октомври, кога британскиот премиер Дејвид Камерон најави дека ќе ја напушти функција.

– Британците вчера одлучија дека сакаат да ја напуштат ЕУ, па затоа нема потреба да се чека до октомври, за да ги договориме условите за нивно излегување. Јас би сакал да почнеме веднаш, истакна Јункер.

Тој нагласи дека ЕУ „разумно ќе се осврне“ кон преговорите за разделбата со Велика Британија.

– Тоа не е развод со взаемна согласност, но и без тоа не беше никаква цврста љубовна врска, нагласи Јункер во врска со односите меѓу Брисел и Лондон.

Би можело да ве интересира

Барние: Британија отфрла секакво одложување на Брегзит

Ана Ололовска

Почнува клучната фаза од преговорите за Брегзит

Ана Ололовска

Зајберт: Меркел и Џонсон набрзо ќе разговараат за Брегзит

А1он

Шкотска е подготвена да поддржи секого кој е против Брегзит

А1он

Нема судење за Џонсон поради „лажењето за Брегзит“

А1он

Хамонд: Брегзит-от без договор ќе биде спречен

А1он