Русија знае кога Американците ќе добијат ракета од многу поголем домет и која ќе претставува закана за нуклеарниот потенцијал на Русија, изјави рускиот претседател Владимир Путин.`
Русија ќе биде принудена да одговори на потезите на Западот, и покрај тоа што е обвинета за агресивно однесување, рече Путин.
-Приближно знаеме која година Американците ќе добијат нова ракета која нема да има домет од само 500 километри, туку многу повеќе, и од тој момент тие ќе станат закана за нашиот нуклеарен потенцијал. Ние знаеме по години што ќе се случува. И тие знаат дека ние знаеме, изјави Путин.
Според него, светот тогаш ќе влезе во нова димензија.
-До што може да доведе разместувањето на ПВО системите од страна на НАТО во Европа јас не знам, но со сигурност знам дека ќе бидеме примнудени да одговориме, рече Путин.
Тој додаде дека знае како Русија ќе биде обвинета за агресивно однесување, иако се работи само за реакција.
-Јасно е дека мора да ја обезбедиме сопствената сигурност, но и да обезбедиме стратешка рамнотежа во светот, изјави Путин.