Бил Гејтс им подари кокошки на Боливија, но властите во Ла Паз се навредија од подарокот на американскиот милјардер.
– Како тој може да мисли дека ние живееме како пред 500 години, насред џугла, не знаејќи како нешто се произведува. Со должна почит, тој би требало да престане да зборува за Боливија, изјави боливискиот министер за развој Цесар Цоцарико.
Гејтс неодамна најави дека ќе донира 100.000 кокошки на земјите со висока стапка на сиромаштија, поголемиот број од Африка, но и на Боливија.
– Боливија годишно произведува 197 милијарди пилиња и има капацитети за извоз на 36 милиони, соопшти Боливиското здружение на производители.