ЕУРО 2016: По наредниот инцидент на навивачите ќе ја исфрлиме Русија

Од:

Фудбалската федерација на Русија ја доби последнта опомена пред исклучување од Европското првенство поради дивеењето на руските навивачи.

Русите од УЕФА добија „суспендирана дисквалификација“ која ќе биде активирана при првиот следен инцидент во кој ќе учествуваат руските навивачи.

Предупредувањето од УЕФА стигна откако во Москва беше најавено дека сите спортски функционери и федерации мораат да вложат максимални напори навивачите на Русија да не прават инциденти, како на Европското првенство во Франција.

Навивачите на Русија на самиот почеток на ЕУРО 2016 учествуваа во инциденти во Марсеј пред и по натпреварот со Англија.

Русија следниот натпревар (втор на ЕУРО 2016) го игра утре во Лил против Словачка.

Би можело да ве интересира

Валс: Спречивме терористички напад пред почетокот на ЕУРО 2016

Поразот на „триколорите“ го следеа рекордни 20,83 Французи пред своите екрани

Емир Латифовиќ

ЕУРО 2016: Педесет лица уапсени во Париз

Емир Латифовиќ

Немири пред навивачка зона во Париз, полицијата употреби солзавец

Емир Латифовиќ

Роналдо: Ми се оствари сонот, верував во соиграчите

Емир Латифовиќ

Едер: Роналдо ми кажа дека ќе постигнам гол

Емир Латифовиќ