Суд во Доха осуди Холанѓанка на една година условно откако пријавила дека била силувана.
Жената не присуствуваше на изрекувањето на пресудата. На неа и е наложено да плати и парична казна од 3.000 катарски ријали (710 евра), а откако ќе ја плати казната ќе биде депортирана.
Мажот обвинет во истиот случај доби казна од 100 удари со стап поради прељуба и уште 40 удари поради конзумирање алкохол.