Спектакуларна сцена на Скопскиот фестивал

Од:

Спектакуларната сцена на Скопскиот фестивал и одличниот концепт го најавуваат новиот почеток на најстариот фестивал во државата.

Дополнителен доказ за извонредното музичко шоу се и продукциските и режисерските елементи кои ќе направат фестивалската вечер да биде назаборавна. Лед дисплеи, специјални светла и други продукциски елементи ќе ја украсуваат сцена и ќе направат импресивно фестивалско издание.

Покрај тоа, организаторот МРТВ најавува квалитетна програма изведена од врвни и докажани македонски музичари. На сцената ќе се појават 18 македонски изведувачи со поддршка од Ревискиот оркестар на МРТВ. Утревечер ќе се продолжи традицијата на Скопскиот фестивал со Верица Пандиловска, Јана Бурческа, Александар Тарабунов, Ристо Самарџиев, Ламбе Алабаковски, Наде Талевска, Ѓоко Танески, Андријана Јаневска, Драган Мијалковски, Бојан Стојков, Арија, Елена Ристевска, Тамара Тодевска, Дани Димитровска, Лаура Крлиу, Нико Георгиевски, Александра Пилева и Влатко Илиевски.

За потврда дека Скопски фестивал се враќа на своите изворни корени и вредности и за потсетување на истите, во фоајето ќе биде поставена изложба со фотографии од старите изданија на фестивалот.

Би можело да ве интересира

Изложба на дела во Неготино од ликовни уметници од Здружението „Роднокрајци“

Промовиран преводот на македонски јазик на црковнословенскиот „Часослов“ од Јаков од Камена Река

Изложба на Стефан Анчевски насловена „„преВРЗИНО“

„Ние, луѓето“-премиера

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање