Португалскиот моторциклист, Луис Фелипе де Соуса Кариера настрада на вчерашната квалификациска трка за Големата награда на Макао.
35-годишниот Кариера заработи тешки повреди по страшниот пад и беше итно пренесен во болницата каде што докторите не успеаа да го спасат неговиот живот.
Квалификациите беа веднаш прекинати, а сочувство кон семејството и тимот на Кариера испраќа целиот спортски свет.