Ноќеска во НБА лигата се одиграа три натпревари. Кошаркарите на Њујорк запишаа нова победа, откако славеа над Сан Антонио 104:100.
Непоразениот тим во лигата губеше со 12 поени разлика седум минути пред крајот на мечот, но со серија 22:11 Њујорк успеа да остане единствениот тим без пораз во лигата. Кај победникот одличен беше Рејмонд Фелтон со 25 поени и седум асистенции, 14 постигна Џејсон Кид, додека Тајсон Чендлер беше стерелец на 13 поени а запиша и 11 скока. Кај Спарси, Тони Паркер беше најпрецизен со 19 поени, 12 асистенции и 6 скока. Данкан постигна 14 поени и исто толку освоени топки.
Шампионот Мајами без Двејн Вејд и Чалмерс славеше над Денвер со 98:93. Ле Брон Џејмс беше најдобар на паркетот со 27 поени, 12 асистенции и 7 скока, кај Денвер се истакна Андре Милер со 19 поени и 7 асистенции.
Бруклин Нетс стигнаа до четвратат победа по ред славејќи над Бостон со 102:97. Одличен беше Дерон Вилијамс со 24 поени и 8 асистенции, Брук Лопез исто така беше стрелц на 24 поени а додаде и 6 скока и 4 блокади. Кај Бостон Пол Пирс запиша 22 поени и 7 скока.