Повеќе од 5.000 луѓе загинале од јули минатата година до денес во конфликтот меѓу турските безбедносни сили и курдските бунтовници, соопшти Владата на Турција.
Во соопштението разурнати се најмалку 6.000 објекти, чија обнова че чини околу една милијарда лири (340 милиони долари), пренесува БТА.
Големи делови од градовите претежно населени со Курди во југоисточна Турција се опустошени од секојдневните експлозии, престрелки и борби.
Турски воени авиони синоќа нападнаа цели на ПКК во близина на градот Шемдинли, во близина на границата со Ирак и Иран.