Дали некогаш сте се запрашале, кои се особините кои би требало да ги има еден добар маж? Ова прашање е поставено на примерок од пет илјади жени, кои учествувале во интересно истражување, спроведено во Велика Британија, а резултатите биле повеќе од интересни.
Целта на анкетата спроведена на жени со различна возраст, кои биле или се уште се во брак, била да се открие кои машки гестови во бракот жените најмногу ги ценат. Иако одговорите биле мошне различни, некои од нив често се повторувале.
Особините на добриот маж, кои ги издвоиле најголемиот дел од жените (71 отсто) биле довербата и верноста, додека на второ место се нашле малите знаци на внимание, односно фактот дека нивниот партнер знае што тие сакаат и што ги прави среќни.
Следуваат десетте најчести одговори, за тоа како треба да изгледа еден совршен маж:
1. Ви верува
2. Лојален е и верен.
3. Знае што сакате.
4. Ја цени вашата потреба да имате време само за себе.
5. Тој ви е добар пријател.
6. Ви помага да бидете подобра личност.
7. Секогаш можете да му се пожалите.
8. Се смеете заедно.
9. Можете да почувствувате колку ве сака.
10. Ви помага во домашните работи.