Француското студио „Шевалие Архитектс“ неодамна реновираше една планинска куќа во местото Ле Шоле, при што најголем предизвик било изградбата на модена доградба без нарушување на интегритетот на оригиналната градба.
Во доградбата на куќата „Шале Солеја“, која е сместена на планински срт, архитектите користеле елеменети со современ дизајн, модерни материјали и самоодржливи карактеристики.
Најзначајна структурна промена на куќата е делот од доградбата каде е сместен просторот за социјални дружења и собири. Оваа просторија е изградена од стакло и лакиран црн алуминиум, со што е во целосен контраст со оригиналната куќа со ниски тавани, во кој по реновирањето се сместени спалните соби и бањите.
Но од друга страна, дизајнот на ентериерот во доградбата совршено се вклопува со рустикалните елементи во оригиналната градба.
Големите прозорци од подот до таванот овозможуваат поглед кон природното опкружување, а доградената тераса со џакузи и сауна нуди можност за уживање во текот на целата година.