Курдите ќе изградат своја држава на руините на „Калифатот“

Од:

Независимаја газета – Москва

Здружените сириски групи, поддржани од САД, започнаа офанзива врз неофицијалната престолнина на забранетата во Русија терористичка организација Исламска држава (ИД) во Сирија, градот Рака.

Коалицијата Сили на демократска Сирија го преводи походот, во кој се вклучени курдски и арапски милитантни групи. Ако Рака не издржи на притисокот и падне во нивни раце, градот може да влезе во составот на идната курдска држава.

Во кампањите се вклучија „десетици илјди“ луѓе; тие може набрзина да го заземат градот и од таму да ги истераат терористите, соопшти РИА новости, цитирајќи курдски извор. Според Би-Би-Си, во нападите учествуваат 30,000 борци.

Големи сили тргнаа од утврдувањето Тел Адјад кон Ајн Иса – град на 60 километри оддалечен од Рака. Сирискиот центар за мониторинг на човековите права регистрираше битки во околината на „престолнината“, објави Ројтерс. Агенцијата додаде и дека нема никакви сигнали за подготовка на инвазија врз градот. Курдскиот претставник одби да ја потврди целта и обемот на офанзивата. Според портпаролот на Силите на демократска Сирија, Талал Сило, воената операција започнала во средата со цел да се заземат територии северно од Рака, но не и самата „престолнина“.

Западната коалиција, предводена од САД, ги поддржува милитантните групи со авијација.

Нападите започнаа по неодамнешната посета на северна Сирија на генералот Џозеф Воутел, началник на Централната команда на Вооужените сили на САД – највисокиот американски претставник кој ја посетил земјата од почетокот на војната во 2011 година. Генералот бепе задоволен од виденото и истакна дека локалните сили „демонстрираат иницијатива“, а искуството и вештините ќе им користат за промена на ситуацијата на фронтот.

Русија веќе даде сигнал дека е подготвена да го поддржи ослободувањето на Рака. По состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на коалицијата за ослободување на Сирија, првиот дипломат на Москва, Сергеј Лавров, изјави: „Се разбравме со американските партнери – не веднаш, туку по надминувањето на нивните размислувања, сомнежи па дури и спротивставувања – да преминеме од само размена на информации кон усогласување на дејствија за борба со тероризмот“.

Според Лавров, Рака и Мосул ќе можат да бидат побрзо ослободени ако војските започнат да соработуваат. – Се раководиме од тоа на руските Воздухопловни сили и авијацијата на коалицијата на чело со САД да работат синхронизирано, координирано и да им помагаат на оние кои реално дејствуваат против терористичите групации, „на копно“, потенцира тој.

Подоцна портпаролот на Стејт департментот на САД, Марк Тонер потврди пред новинарите дека Вашингтон и Москва разгледувале евентуални заеднички операции, но изрази сомнеж во тој кконтекст дека било разгледувано ослободувањето на Рака. Портпаролката на Пентагон, Мишел Балданза, посочи дека „во моментов“ Министерството за одбрана на САД не планира никакви заеднички дејтвија со Русија во Сирија. Но, Балданза призна дека Русија „веќе се фокусира на нападите врз ИД во Сирија, исполнувајќи го договорот за сопирање на огнот“.

Тоа го потврдуваат и последните изјави од Министерството за одбрана во Москва. Независно од тоа што минатата седмица од таму најавија удари врз џихадистите, кои биле потврдени од руската авијција „еднострано“ на 25 мај, бомбардирања тој ден немало. На молба на неколку вооружени групации од провинцијата Алепо, и Дамаск и руското Воено воздухопловство ги одложија следните полетувања, изјави портпаролот на воената команда, генера-мајор Игор Конашенков. Сириските бунтовнци побараа од Министерството за одбрана за почека додека тие да се оддалечат од Џебхат ал Нусра (терористичката организација која е забранета во Русија) и командата се соглси.

Набљудувачитр имаат големи надежи поврзани со офанзивата врз „престолнината“ на џихадистите.

– Рака може да стане почеток на крајот на ИД, забележа Џошуа Вокер од германскиот фонд „Маршал“, кој беше цитиран од Ал Џезира. Експертот за Сирија, Чарлс Листер, на Твитер напиша дека ИД ќе одговори на офанзивата со напади врз курдски региони. Конгресменот Адам Шиф изрази сомнеж дека Рака може брзо да падне – но фактот што ИД „ја губи почвата под нозете“ станува се поочигледен, а деновите на терористите „се изброени“, додаде тој.

Кога курдските милитантни станаа главната ударна сила во Силите на демократска Сирија, присуството на Арапи во коалицијата е од принципиелно значење со оглед на арапското население во регионот. Повикувајќи се на Еј-Ар-Еј њуз, весникот „Телеграф“ напиша дека Рака може да влезе во составот на идната курдска држава или федерален регион во северна Сирија, формиран како курдски кантон. Тоа според агенцијата, го изјавиле курсдки официјални лица кои побарале анонимност.

Но, експертите повикуваат да не се избрзува со прогнозите. Научниот соработник во Центарот за Азија и Блискиот Исток при Русакиот институт за стратешки истражувања, Арсен Хизриев, за Независимаја газета изјави: „Да ги почекаме официјалните изјави од сириските Курди. Дури и од гледна точка на Пентагон, присуството на Курди во Рака не е „особено засновано“, како што изјавија воени претставници во ноември со аргументот дека Курдите никогаш не војувале на арапска земја. Од истите причини, Пентагон ги ангажираше сириските арапи, но денес гледната точка на Вашингтон можеби е сменета“.

Заради „курдскиот фактор“ започната офанзива генерално не беше едногласно поддржана.

– Локалното население се изјасни против присуството на САД стравувајќи од етнички чистења, како што покажуваат постови на социјалните мрежи. Некои нормално тврдат дека станува збор за пропаганда на ИД, одбележа Хизриев.

Експертот е убеден дека ирачките Курди нема да ги поддржат дејствијата на своите собраќа. – Не треба да чекаме од ирачките Курди нивно учество – тие си имаат сопствен проблем во Мосул и Киркук. И нема да преземат тешки ангажмани, како што е учество во нападите врз Рака. Покрај тоа, претставници од Ирачки Курдистан рекоа дека оваа година не се предвидува напад врз Мосул, посочи тој.

Во Рака, кој беше преземен од исламистите во 2013 година, можеби има 5,000 нивни борци. Според АФП, во одбраната џихадистите го користат мирното население како жив штит.

Би можело да ве интересира

Турција: Уништени 20 објекти на Курдистанската работничка партија

Четворица загинати во самоубиствен напад на ИД врз центарот на безбедносните сили во Рака

А1он

Покрената истрага против осомничениот за убиството на тројца Курди во Париз

А1он

(ВИДЕО) Париз како воена зона: Курдите излегоа на улица

Катерина Ѓуровски

Француските Курди протестираат во Париз по нападот врз тројца сонародници

Анкара поставила ултиматум за повлекување на курдските сили од три области во Сирија

Ана Ололовска