Брдо-Бриони процесот: Неопходна е изградба на доверба во регионот

Од:

Состанокот на лидерите на Брдо-Бриони процесот денеска заврши во Сараево со заедничка порака за наопоходноста од изградба на меѓусебна доверба, разбирање и помирување во регионот, поддршка на патот кон евроинтеграцијата, но и за воздржување од реторика и делување кои поттикнуваат зголемување на тензиите во регионот.

Претседателот на Претседателството на Босна и Херцеговина Бакир Изетбеговиќ истакна дека е постигнат договор со конкретни акции, преку интензивен дијалог и билатерални и мултилатерални договори да се решаваат отворените прашања и да се подготви заеднички план за координирана борба против глобалните безбедносни закани.

Изетбеговиќ потенцира и дека е договорено да се вложат напори за изградба на подобар образовен систем за да се спречи одливот на мозоци, да се зголеми економската конкурентност и слободниот проток на луѓе, стока и капитал, да се унапреди поврзаноста преку заеднички енергетски и инфраструктурни проекти.

Учесниците на самитот Брдо-Бриони процесот се согласија дека е потребно да продолжи примената на европските стандарди и промоцијата на европските вредности низ политички, правни, социјални, економски и други реформи.

Италијанскиот претседател Серџо Матарело нагласи дека Италија е убедена во фактот дека Европска унија нема да биде целосна се додека сите земји од ЈИЕ не бидат членки на ЕУ.

Тој додаде дека заклучоците од Самитот во Сараево се од големо значење поради отвореноста и искреноста, кои се засновани на пријателство и желбата за соработка.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ