Популарната BMW купе серија 3, ќе биде преименувана во серија 4, а сега пристигнуваат шпионски фотографии од прототипот кој носи мошне малку камуфлажа на себе.
BMW серијата 4 е забележана во родниот град на BMW, Минхен, а треба да се нагласи дека моделот ќе пристигне на саемот во Детроит, во јануари наредната година.
Можеби името е различно, но автомобилот донесува доста дизајнерски сличности со седан серија 3, пред сè кога станува збор за предниот дел со препознатлив изглед и заштитна маска.