Македонската кошаркарска федерација (МКФ), го закажа редовното годишно Собрание за 4 јуни во Скопје.
Ова е втор пат за неполн месец МКФ да закаже собир на својот највисок орган. Претходно закажаното Собрание беше откажано поради несогласувањата на релација клубови – канцеларија на МКФ, а причината се најавените промени во статутот, со кои МКФ ќе преземе дел од ингеренциите кои ги имаат клубовите.
На најавениот дневен ред овој пат ја нема точката за намалување на бројот на странски кошаркари која предизвика реакција кај на поголемиот дел од клубовите, што беше и главна причина за претходно закажаното собрание. Но, тоа не значи дека нема да се расправа за странците, имајќи во предвид дека дневниот ред може да претрпи и промени.
На Собранието покрај за измените и дополнувањата во Статутот на МКФ, меѓу другото ќе се расправа и за разрешувања и именувања на членови на Управниот и Надзорниот одбор на федерацијата, што само по себе најавува промени во раководната структура на федерацијата.