Владејачката конзервативна партија Демократски собир (ДИСИ) победи на изборите во Кипар со 30,69 проценти од гласовите, јави локалната телевизија Сигмалајв.
Како што и се очекува на второ место е Прогресивната партија на работниот народ (АКЕЛ) со 25,67 отсто од гласовите, а на трето место е Демократската партија (ДИКО) со 14,49 проценти, пренесува БТА.
Според овие резултати во Парламентот влегуваат осум партии. Освен трите со највиоки резултати во законодавното тело ќе бидат претставени уште Движењето на социјалдемократите (6,18 отсто), Граѓанска алијанса (6,01 отсто), Движење за солидарност (5,24 проценти), Движење на зелените (4,82 отсто), како и Националниот народен фронт (ЕЛАМ) со 3,71 отсто.