Едно дете загина, а уште три се повредени, при експлозија на бомба поставена од борци на Курдската работничка партија (ПКК) во турскиот град Силопи.
Бомбата експлодирала синоќа, додека четирите деца на возраст меѓи осум и 13 години си играле.
Повредените биле веднаш хоспитализирано, но и покрај напорите на лекарите едно од децата, на девет годишна возраст, починало. Останатите деца се наоѓаат во тешка здравствена состојба.
Полицијата започнала истрага за инцидентот, а граѓаните се предупредени да бидат внимателни поради постоење на бомби кои се поставени од курдските бунтовници во градот.