ФОТО: Куќички од бајките во Романија

Од:

На надморска висина од 2.554 метри на Карпатите, на 40 километри од романскиот град Сибиу, се наоѓа еколошкото одморалиште „Валеа Занелор“, кое претставува комплекс од куќички изградени од глина, дрво, песок, камења и сено, кои наликуваат како да доаѓаат од некоја бајка.

Романија Бајки 2

Комплексот, изграден во 2014 година, се состои од 10 куќи-апартмани, кои се сто проценти од органско потекло, без употреба на современи материјали, како што се хемиски бои или лакови.

Романија Бајки 4

До крајот на годината во рамки на комплексот ќе биде отворен и ресторан, кој исто така ќе биде изграден од органски материјали.

Романија бајка 4

Во самото одморалиште се служи исклучително органска храна, која потекнува од околните села.

Романија Бајки 5

Името на комплексот „Валеа Занелор“ на ромнаски јазик значи „Долина на самовилите“, што одговара на амбиентот во кој се наоѓа одморалиштето, вгнездено во планинскиот венец Фагарас под врвот Порумбацу де Сус.

Би можело да ве интересира

Мет Дејмон продаде имот во Лос Анџелес за 18 милиони долари

Ана Ололовска

Се изнајмува стан уреден во стилот на „Кери Бредшо“

Ана Ололовска

Алиша Кис го покажа својот нов луксузен дом

Ана Ололовска

Стан-гаража во Загреб го привлече вниманието на многумина

Ана Ололовска

Мерилин Менсон ја продава вилата во Лос Анџелес за 1,75 милиона долари

Ана Ололовска

Нина Добрев го покажа својот реновиран дом во САД

Ана Ололовска