За својата колекција „Overgrown“, уметникот Марк Стуркенбум ги собрал несаканите објекти и комплетно ги трансформирал, пренесувајќи го концептот на претворањето на отпадот во целосно ново ниво.
Големите неправилни форми потсетуваат на кристали сол и поседуваат дива, непредвидлива појава, имитирајќи ја Земјата, онака како што би можела да изгледа во случај кога би го снемало населението, и остане препуштена на своите природни текови.
Кристалите сместени на лустерите и канделабрите што веќе никому не биле потребни, буквално цветаат како цвеќе со текот на времето и растат како да се живи.