Швајцарскиот дизајнер Алехандер Рехн ја креираше интригантната „Кеј софа“, парче мебел за кој вели дека може да го предвиди секое ваше движење.
Софата е изработена со користење на генијално поставени шарки кои се прилагодуваат на различни позиции на личноста која седи во нив.
Тоа значи дека секој пат кога корисникот се движи, софата исто така го менува обликот, следејќи ги природните облини на човековото тело.
На оваа софа можете да седите, спиете, одмарате и уживате.
„Кеј софата“ содржи дрвена структура, мобилни споеви и тапацир со меки влакна од компанијата „Квадрат“, материјал кој е нежен на допир и лесно се приспособува на вашите потреби.
Имено, оваа софа се витка, врти и отвора во зависност од корисничките „барања“.