Лекарските грешки се сметаат за трета водечка причина за смртноста во САД

Од:

Чикаго трибјун – Чикаго

Лекарските грешки се третата водечка причина за смртноста во САД, се открива во една нова студија. Научниците од Универзитетот Џон Хопкинс анализирале податоци од неколку години во САД и заклучиле дека повеќе од 250.000 луѓе починале заради лекарски грешки. Ако ова биде потврдено, тоа ќе ги стави лекарските грешки на трето место како водечка причина за смртност кај американците. Засега, респираторните болести, кои убиваат околу 150,000 луѓе годишно, се трети на листата како водечки причини за смртност во САД.

Центрите за контрола на болести и превенција (ЦКБП)

Сепак, „стапката на инциденца за смртност директно поврзана со грешки во медицинската грижа не се препознаваат во ниту еден стандардизиран метод за собирање на статистички податоци на национално ниво“, рече д-р Мартин Мекари, професор по хирургија во Џон Хопкинс во Балтимор.

Собраните податоци од методите на ЦКБП не ги класифицираат одделно лекарските грешки во деталите за починувања, велат авторите на студијата, кој побараа промени во тие критериуми.

– Здравствениот коден систем е создаден за да ги максимизира наплатите за медицинските услуги, а не да собира статистички податоци за националното здравје, онака како што во моментов се користи, ја објаснува Мекари студијата која ја објави неговиот универзитет.

Истражувачите од Хопкинс користеле четири различни студии кои ја анализирале стапката на медицинските причини за смртност од податоци собрани помеѓу 2000-та и 2008-та година. вклучувајќи две кои користеле податоци од федерални агенции.

Потоа, со користење на стапката на податоци за прием на пациенти во болниците од 2013 година, истражувачите ги добиле тие податоци, и на основа на вкупно преку 35 милиони хоспитализации, заклучиле дека повеќе од 251.000 починувања биле причинети од лекарски грешки. Тоа изнесува до 9,5 проценти од вкупната смртност во САД секоја година, велат авторите на студијата.

Но податоците од ЦКБП даваат поинаква слика. Статистиката од ЦКБП покажува дека во 2013 година, повеќе од 611.000 луѓе во САД починале од срцеви болести, скоро 585.000 од канцер, и скоро 150.000 починале од хронични респираторни болести.

– Највисоко рангираните причини за починувања кои ги објавува ЦКБП е информација за финансирањата за истражувања во целата земја и за приоритетите во јавното здравје, рече Мекари. „Во моментов, канцерот и срцевите болести привлекуваат најголемо внимание, но бидејќи лекарските грешки не се појавуваат на оваа листа, пешавањето на овој проблем не добива финансии и толкаво внимание кое го заслужува“.

Би можело да ве интересира

Доктори од Македонија завршиле медицина во Бугарија, но не смеат да работат во земјата оти се пишале Бугари

A1on

Развиена вештачка интелигенција која го открива ракот на дојката години пред да се развие

Ана Ололовска

Американски хирурзи успешно трансплантираа бубрег од свињa на човек

Ана Ололовска

Суперхероите од вистинскиот живот

Ана Ололовска

Белгиски научници направија крупен исчекор во борбата против ракот

Жарко Настоски

Почина педијатарот Кавасаки, кој откри ретка детска болест

А1он