Фантазирате за необичен одмор? „Манта ресорт“ е вистинско решение за вас. Овој луксузен хотел, сместен на островот Пемба на истокот на Африка, на своите гости им нуди подводен ол-инклузив апартман.
Еден од апартманите на комплексот „Манта„ се спушта четири метри под површината на океанот и од сите страни е опкружен со тиркизно сина вода. Апартманот има три нивоа, а го дизајнираше шведската компанија „Genberg underwater hotels”.
Спалната соба во апартманот се наоѓа под вода и има единствен поглед. Нејзините ѕидови се изработени од стакло за да гостите можат да одмараат, гледајќи морски животни.
Над тоа, на површината на океанот, се наоѓа палуба со бања и дневен престој, а на покривот е изолирано катче наменето за релаксација.
Долната платформа на апартманот, ноќе е осветлена со подводни светилки, кои привлекуваат ретки видови риби и други морски животни, за да спиењето во него претставува непроценливо задоволство.