Инспирирани од завиената форма на оклопот на амонитот, дизајнери од американската компанија „HighTech“ креирале мијалник во облик на овие изумрени главоноги животни.
Амонитите се безрбетници од семејството Ammonoidea, кои исчезнале пред околу 65 милиони години. Живееле во древните океани отприлика во исто време со диносаурусите, и многу се слични со денешните цефалоподи (октоподи…).
Планспиралниот облик на нивниот оклоп долго било предмет на научно истражување, а сега го искористиле дизајнерите, правејќи единствен мијалник.
Овој неизбежен елемент во бањата е изработен од бетон и е достапен во неколку различни бои и модели. Тежок е 44 килограми, широк од 90 до 330 сантиметри, а длабок 56 сантиметри. Може да се инсталира заедно со постолје или директно на ѕид.