Strates Rualite Dance Company на „Танц фест 2016“ во Велес

Од:

Во рамките на годинашното издание на „Танц фест 2016“ синоќа во Велес на големата сцена на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ гостуваше  Strates Rualite Dance Company од Париз,  Франција.

Во претставата која е еден вид експреиментален проект  беа вклучени танчери, вокал и музика која беше изведена во живо, а присутната публика во Велес одушевена од нивниот настап ги награди со долг аплауз.

Како што појаснија од тимот на  „Танц фест“, Компанијата „Руалите“  е основана во 2002 година од кореографката Бинтоу Дембеле, а која поврзува современа танцова техника со хип-хоп и крамп стил, придружено со современа музика изведена во живо од Чарлс Амблард, Шарлин Андџембе и Винсент Хоп.

Бинтоу Дембеле освен кореограф е и танчерка која инспирацијата и креација  ја наоѓа во хип-хопот и е меѓу првите уметници кој го воведува овој правец во Париз.

Во изјавата за МИА, Бинтоу Дембеле потенцира дека на сцената во Велес многу и се допаднала целата атмосфера и нивниот настап и воопшто целото гостување во Македонија, во Скопје и Велес.

– Имав голем притисок пред да дојдам, за тоа како ќе биде овде, но сега сум полна со импресии. По вчерашниот настап во Скопје се разбудив и бев среќна и добив инспирација да работам на некои нови проекти, а што значи нешто убаво ми се случи тука во Македонија, потенцира Дембеле.

Пејачката Шарлин Андџембе вели дека оваа претстава всушност е кореграфско истражување во кое Бинтоу работејќи на неа, постојано имала на ум, на  тоа што се случува во светот.

– Јас сакав тоа да го пренесам и да допрам до публиката со сензитивност, сензуалност, артистичкиот настап и мислам дека ја постигнав целта, потенцира Бинтоу.

Инаку таа во Скопје на сцената „Зебра“ веќе одржала една работилница за хип хоп сцената, а поради големиот интерес соработката ќе продолжи и понатаму, најавија од „Танц фест“.

„Танц фест 2016“ во Велес продолжува на 21 април – четврток со танцовата претстава „Волшебен свет“во изведба на Скопје Танцов Театар.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска