ФИБА не ги признава 10-годишните договори со Евролигата

Од:

Светската кошаркарска федерација (ФИБА) не ги признава десетгодишните договори што 11 европски екипи ги имаат потпишано со Евролигата, пренесува „Газета дело спорт“.

ФИБА ги признава само тригодишните договри, кои истекуваат во 2017 година и со тоа ќе се обиде по тој период да ги придобие најголемите клубови да и се приклучат и да ја напуштат Евролигата.

Групата од 11 клубови кои имаат потпишани договори со Евролигата се: Анадолу Ефес, Фенербахче, ЦСКА Москва, Армани, Барселона, Лаборал, Реал Мадрид, Макаби, Олимпијакос, Панатинаикос и Жалгирис.

За евентуално напуштање на Евролигата и предвремено раскинување на договорот, секој клуб ќе мора да плати 10 милиони евра.

Поради Евролигата, ФИБА Европа изрече суспензии за 14 федерации, меѓу кои е и Македонската кошаркарска федерација (МКФ).

Би можело да ве интересира

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Нови тројца српски кошаркари се суспендирани од ФИБА поради учество во местење натпревари

ВИДЕО: Германците до историска светска титула, Србија падна во финалето

Катерина Ѓуровски

Тотал ТВ ќе ги пренесува натпреварите од Евролигата и во следните пет години

Ана Ололовска

Таварез сака да игра на СП – Ќе лета 12 часа за да им помогне на Зеленортските острови

Евролигата одложи осум натпревари поради коронавирусот

А1он