„Сајанс“: „Планетарната резонанца“ причина за поплавите на Балканот

Од:

Група меѓународни експерти тврдат дека, освен климатските промени, за поплавите на Балканот веројатно е одговорна и „планетарната резонанца“, објави научниот магазин „Сајанс“.

Тимот составен од експертите Лиза Стадер, Дим Куму, Владимир Петухов, Стефан Петри и Штефан Рамшторф, во студија прават обид да ги објаснат причините за катастрофалните поплави кои пред две години го погодија подрачјето на целиот Балкан, уништија голем број на куќи и однесоа многу жртви.

Како што се нагласува во студијата, Балканот е погоден од циклон од тип Вб, кој од Медитеранот донела големо количество врнежи, а веројатно е поврзана и со планетарните Росбиеви бранови.

– Анализата на дневните пролетни дождови над Балканот откриваат значајни трендови на зголемување. Одговорно тврдиме дека за зголемените ризици од поплави на Балканот улога имаат и динамичните процеси, тврдат научниците.

Како што наведуваат, таква „планетарна резонанца“ е забележана во летото 1997 година во Европа, а се повторила и пред две години на Балканот.

Росбиевите бранови се создаваат поради ротирањето на Земјата, а всушност се работи за нарушување во претежно западното струење на умерените географски ширини. Се појавуваат на висини од приближно пет километри.

На северната хемисфера на Земјата тие предизвикуваат силно закривување на струењето на воздухот кој се движи од запад кон исток и носат промена на времето, се наведува во студијата.

Би можело да ве интересира

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија

Екстремен топлотен бран на Балканот, Македонија и соседите вријат

Балканот денеска е најтоплиот дел од Европа

Катерина Ѓуровски

Според Индексот на човечки развој Југоисточниот регион на земјава најнеразвиен во цела Европа

Лидерите на Европската Унија усвоија 18 заклучоци, од кои еден се однесува на роамингот на Балканот

Голема балканска акција за лов на педофили: 39 осомничени, вклучена и Македонија

Анита Петровска Рајковиќ