Во романскиот главен град Букурешт е изградена современа резиденција, кој се карактеризира со необичен екстериер и живописен ентериер, низ кој провејува традционалниот романски дизјан.
Куќата се карактериизра со атрактивна комбинација на линии, шаблони и тонови и со интересни начини на сфаќање на функционалност на просторот исполнет со делови од мебел, кои наликуваат како да се позјмени од некој музеј на уметноста.
При проектирањето на резиденцијата архитектите воделе сметка за барањето на сопствениците за флуидност во нејизниот распоред и за совршена комбинација на просториите.
Ваквата амбиција на сопствениците е видлива уште од самиот влез во куќата, која се карактеризира со модерен простран изглед, видлив уште во заедничкиот простор во кој се сместени дневната соба, трпезаријата и кујната.
На задната страна на куќата има големи прозорци од подот до таванот, преку кои се пружа поглед кон преубаво дизајнираниот двор исполнет со природни елеменети какрактеристични за еден отворен простор.
Урбаниот карактер на домот се отсликува и во изборот на оригиналните предемти и мебел во внатрешноста, како што се столовите во разни бои распоредени околу стаклената трпезариска маса, додатоците на таванот во спалната соба што потсетуваат на старински баладахини или спектакуланиот орман со мијалник во бањата.