За македонските пливачи 26 медали во Белград

Од:

Освоени вкупно 26 медали и соборени два државни рекорда се резултатите на македонските пливачи на меѓународниот пливачки митинг што се оддржа минатиот викенд во Белград.

Андреј Стојановски ги собори рекордите во негова категорија во дисциплините 100 метри градно со време 1,21,73 и во дисциплината 200 метри градно со време 2,54,63. Андреј Стојаноски трето место во дисциплината 1.500 метри слободно и успеа да се избори за финале во дисциплините 200 метри слободно и 400 метри мешано. Матеј Цветановски освои трето место 50 метри слободно во финалето. Љупчо Домазетов освои трето место на 50 метри слободно, и трето место на 50 метри грбно. Вивит Калач беше втор на 50 метри грбно, втор на 100 метри грбно, тре на 100 метри грбно, втор на 50 метри градно, прв на 50 метри градно и прв на 100 метри градно. Сениорите се позлатија во штафети и тоа прво место 4×50 метри мешано и прво место 4×50 метри слободно.

Македонските прливачи во кадетски штафети освоија трето место на 4×50 метри мешано.

Најмалите наши натпреварувачи, Миа Блажевска Еминова освои прво место на 50 метри делфин, второ место на 100 метри слободно, прво на 50 метри слободно. Јован Јанковски освои трето место на 50 метри делфин. Андреј Стојановски беше прв на 200 метри градно, втор на 50 метри градно, прв на 100 метри градно и прв на 200 метри мешано. Јана Милковска освои трето место на 100 метри слободно, прво место на 100 метри делфин и прво место 100 метри мешано. Калина Стојановска беше прва на 50 метри грбно, а Стефан Цветковски трет на 200 метри грбно.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска