Претставата „Волшебен свет“ на „Танц Фест“

Од:

Претставата „Волшебен свет“ во продукција на Скопје танцовиот театар вечер ќе биде изведена во дансинг салата во Младинскиот културен центар (МКЦ), како дел од програмата на годинашниот „Танц Фест“.

„Волшебен свет“ се состои од три кратки кореографии на познатата музика „Chaconne in minor D“ од Ј. С. Бах, за кои свои верзии ќе дадат тројца млади кореографи.

Делата „Најди некого“ на Матеа Киселичка, „Нешто пропуштаме“ на Александра Кочовска-Начева и „Контрол фрик“ на Иван Ангелковски претставуваат современа визија на авторите, кои оформуваат сопствена приказна, врз база на оваа музичка нумера на композиторот Ј. С. Бах.

танц фест.

Во претставата настапуваат членовите на Скопје танцовиот театар: Адријана Данчевска, Валентино Апостоловски, Александра Петрушевска, Јакуб Мунко, Дејан Битровски, Тринга Хуса, Јована Зајкова и гостионот од Кина Занг Венхаи. Костимите се на Благој Мицевски, асистент на претставата е Адријана Данчевска, а супервизор Рисима Рисимкин.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска