САД ќе инвестира 280 милиони долари во обединување на сириската опозиција

Од:

Во Катар во неделата различни опозициски групи се договорија за формирање “Сириска национална коалиција на опозицијата и на револуционерните сили”, кои САД со поддршка на Турција и заливските монархии ги замисли како нова врвна организација, која во овој момент треба да го замени сирискиот Националниот совет (СНЦ), јавува Ројтерс.

Амбициозниот план за реструктуирање и проширување на сириската опозиција на состанокот одржан во Катар, главен град на Доха, вклучува и формирање на “преодна влада”. САД ветија 280 милиони долари и воена помош, според зборовите на дипломатите вклучени во изготвувањето на нацрт планот за формирање на “преодната влада на Сирија”, известува Телеграф.

“Првичниот договор е потпишан. Вечерната средба ќе биде посветена на изборот на претседател и на неговиот заменик”, изјави за новинарите Али Садредин ал-Бајануни, претставник на Муслиманското братство.

“Најважно е дека тоа е договор за императив на борбата за соборување на режимот и се утврдува дека не може да има дијалог додека Асад е на власт”, рече Ахмед Рамазан, висок официјален претставник на СНЦ е.

Член на делегацијата на СНЦ Џамал ал Вард изјави за телеграф дека на опозицијата веќе и е ветена воена помош, првенствено преносни противавионски проектили како америчките “Stinger”.

Сирискиот министер за информации, Омран ал-Зуби, во интервју за сириската национална телевизија изјави дека е “срамно и понижувачко” одржување на состаноци на опозицијата спонзорирани од странски држави, и дека овие средби претставуваат уште една форма на странска интервенција, пренесува САНА.

Според либискиОТ “модел” на Преодниот Национален Совет, “Сирискаta национална коалиција” ќе бара меѓународно признавање како “легитимен претставник на сирискиот народ” и ќе формира десетчлена “влада во сенка”, изјави за Ројтерс Ваел Мирза, претставник на СНЦ. Коалицијата исто така ќе има и воен совет, кој треба да ги следи вооружените бунтовнички групи, и судски органи кои треба да работат во областите кои се заземени од страна на бунтовниците.

Американскиот државен секретар Хилари Клинтон пред десетина дена во Загреб, изјави дека “СНЦ не може да биде главен предводник на опозицијата”, бидејќи се работи за луѓе кои немаат контакт со состојбата на теренот. Клинтон потоа рече дека опозициското раководство мора да вклучува луѓе кои во Сирија се борат и умираат “на линиите на фронтот.”

Но преговорите за формирање на новата коалиција се одолговлечија неколку дена, бидејќи во СНЦ не беа задоволни со предвидените 15 места во советот од 60 члена. СНЦ има седишта во Париз и Истанбул, со раководство составено главно од противници на власта во Дамаск кои со години живеат во странство, а беше критикуван и за преголемо влијание на Муслиманското братство, најмоќната група во рамките на СНЦ.

За да му се додворат на Запад, СНЦ во петокот за претседател го избра Џорџ Сабра, поранешен комунист, роден христијанин, кој е во егзил од минатата година.

Сабра ги отфрли обвинувањата дека бил избран само како фигура прифатлива за запад, додека исламистите ќе продолжат да ги влечат конците од позадина. “Никој не може да ме постави само како слика пред себе”, изјави Сабра за Асошиетед прес, повикувајќи се на своето минато, што вклучува осум години во затвор во Сирија поради противењето на режимот.

Како и да е, потпретседател на СНЦ, заменик на Сабра е Мохамед Фарук Таифур, истакнат член на Муслиманското братство.

По минатонеделната најава на британскиот Форин офис дека “Ќе разговараат со воените претставници на вооружената опозиција” и изјавата на премиерот Дејвид Камерон дека западните земји треба да испратат “повеќе помош”, па и отворено и директно да ги вооружуваат бунтовниците во Сирија, како што пренесе Гардијан, се огласи и генералот Мустафа ал-Шеик, командант на т.н. Слободна сириска армија (FSA), со барање за испорака на оружје на неговата група, бидејќи во спротивно “сите ќе се претворат во терористи”.

FSA е главна бунтовничка група, која е најмногу поддржана од Турција, но нивната команда не ја признаваат многу други вооружени групи, особено исламистите, кои примаат помош од Катар, Емиратите и Саудиска Арабија, и се многу подобро вооружени. Со формирањето на новата коалиција на опозицијата и единствената команда, предводена од страна на FSA Западот сака да го намали влијанието на исламистите.

Мустафа ал-Шеик е прв сириски генерал на армија кој пребегна кон бунтовниците, а сега ќе биде началник на Високиот воен совет на FSA. Единствениот команден Совет треба да управува со бунтовничките напади во пет зони, кои ќе бидат предводени од пребегнати генерали.

Шеик тврди дека, ако веднаш не и се достави оружје на FSA, ситуацијата во Сирија “ќе експлодира во сите правци” и “тероризмот ќе се зголеми со голема брзина.”

Во неделата, израелската армија соопшти дека “истрелала предупредувачки плотун кон Сириската територија” кон позиција на сириската војска, после експлозијата на една заскитана граната во близина на еврејска населба во окупираниот дел на Голанската Висорамнина. Во последните неколку дена Сириските војници се обидуваат да ги истераат бунтовниците од неколку села на својата страна на Голанската Висорамнина, а заскитани ракети и куршуми во неколку наврати паднаа во областа под израелска контрола.

“Ако граната падне, ние ќе одговориме”, рече во едно интервју за Израелското Армиско радио министерот за одбрана Ехуд Барак, додека премиерот Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел “внимателно следи што се случува на границата со Сирија и е подготвен забило каков развој на настаните”.

Израелските воени извори за АФП изјавија дека израелската армија испалила еден противтенковски проектили од типот “Тамуз”, кој е познат по висока прецизност на погодување.

Би можело да ве интересира

132 лица загинаа во конфликтот меѓу режимските сили и џихадистите во Сирија

Горан Наумовски

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

Сирија: Израел изврши воздушен напад врз областа на античкиот град Палмира

(ВИДЕО) Турција ги нападна Курдите во Ирак и Сирија во знак на одмазда за терористичкиот напад кај Анкара

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел погоди станбена област во Дамаск, меѓу загинатите има жени и деца

Катерина Ѓуровски

Иран го предупреди Израел: Ќе ви одговориме уште посилно, ставете не во искушение