Како продолжение на минатогодишниот тренд на дизајнирање мебел од транспарентно стакло, дизајнерите меѓу кои е и Патриција Уркиол, преминуваат на употреба на обоено стакло.
Комодата „Aquario“ со стакло во боја, која за шпанскиот бренд „BD Barcelona Desing“ ја дизајнираше бразилското дуо „Campana Brothers“, ќе биде еден од многуте производи со боени стакла кои ќе можат да се видат во текот на Миланската недела на дизајн, што започна вчера.
Патриција Уркиола ќе ја прикаже колекцијата на кујнски шкафови и маси инспирирана од црвените прозорци.