На врвот на шумскиот рид над градот Керонксон во американската сојузна држава Њујорк, изградена е куќата „Лантерн Риџ“, преку чии стаклени ѕидови може да се ужива во погледот кон залезот и изгревањето на Сонцето.
Куќата претставува вистинско шумско засолниште, кое го нуди сиот комфор карактеристичен за кој било модерен семеен дом.
„Лантерн Риџ“ е целосно вклопена во своето природно опкружување, Нејзиното јадро го сочинува отворен простор, каде се сместени дневниот престој, трпезаријата и кујната, кој има поглед и кон исток и кон запад. Овој заеднички простор од две страни во правец свеер-југ граничи со спалните соби за сопствениците и за нивните гости.
Во ентериерот доминира минималистичкиот стил, со што целото внимание е насочено кон околината, а природниот амбиент во куќата е надополнет и со таванот прекриен со дрво од бор.
Куќата е иделано место за оние кои живеат во големите градови, а сонуваат за мирни локации во кои се чувствува влијанието на природата, чистиот воздух и сончевите зраци.