Британскиот дизајнер, Џош Реноф осмисли будилник кој наместо аларм ве буди со мирис на свежо сварено кафе и на тој начин стана творец на најверојатно најомилениот „аларм“ што некогаш постоел.
Апаратот е наречен „Barisieru“, изгледа како обичен будилник со тоа што на неговиот врв се наоѓа апаратура која ќе ви свари кафе пред да се вклучи алармот.
„Barisierur“ во себе има прегради за млеко, шеќер и кафе, а откако водата ќе зоврие таа се меша со кафето пред да заврши во чашата од која се пие. Така во моментот на будење на комодата покрај креветот ве чека свежо варено кафе кое обезбедува идеален почеток на новиот работен ден.
Овој будилник за сега е само концепт, но веднаш по објавувањето на оваа идеа предизвика огромно интересирање низ целиот свет, па нема сомнение дека првите будилници на Џош Реноф ќе блеснат во домовите на љубителите на кафе во целиот свет.
Една потешка околност, барем во почетокот на продажбата ќе биде цената, затоа што се очекува „Barisieur“ да чини околу 450 долари. Дали вие ќе бидете подготвени да издвоите толку пари за „најдобриот будилник некогаш“.