Даниеле Педроса победи на последната трка од оваа Мото ГП сезона, возена за Големата награда на Валенсија.
Педроса до седмата победа оваа сезона стигна со време од 48:23.819 минути, што за 38 секунди беше побрз од времето на Кацујуки Накасуга кој во Јамаха го замени повредениот Бен Спиз и клупскиот колега од Репсол Хонда, Кејси Стонер, кој заминува во пензија.
Новиот шампион во кралската класа, Хорхе Лоренцо не ја заврши трката, откако имаше тежок пад, во моментот кога беше лидер на трката.
Лоренцо до својата втора титула во кралската класа стигна со 18 бодови повеќе од Педроса.