Ракометарите на Хрватска, Словенија и Шведска обезбедија учество на ОИ

Од:

Познати се сите шест селекции кои преку квалификациите обезбедија пласман на ракометниот турнир на Олимписки игри во Рио што ќе се одржат на лето.

Покрај, Полска, Тунис и Данска кои место на Олимпијадата обезбедија во саботата, тоа вчера го направија и селекциите на: Шведска, Словенија и Хрватска.

Хрватите во директен дуел ја совладаа селекцијата на Норвешка со 27:21 и го освоија второто место во групата 3, зад домаќинот на квалификациската група Данска.

На идентичен начин и Словенија со убедливиот триумф над Иран од 33:17 завршија како првопласирани во групата 2 чии средби се играа во шведскиот град Малме. Вториот патник од оваа група беше решен во драматичниот меч во кој Шведска иако загуби од Шпанија со 25:23, сепак „Викинзите“ се оние кои патуваат за Рио, бидејќи на шпанската репрезентација и требаше победа со три гола разлика.

Претходно пласман на Олимпијадата обезбедија домашната репрезентација на Бразил, актуелниот светски и олимписки шампион Франција, континенталните прваци на Европа и Африка, Германија и Египет, како и победниците на Пан-американските игри Аргентина, односно Азиските игри селекцијата на Катар.

Дванаесетте селекции ќе бидат поделени во две групи по шест репрезентации, а изгледот на групите ќе биде одреден со жрепката која ќе се одржи на 29 април.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ