Државната опера и балет од Измир гостува на Танц фест

Од:

Државната опера и балет од Измир, Турција, вечер  ќе настапи во Македонскиот народен театар во рамки на фестивалот Танц фест 2016 со претставата „Боите на танцот“. Во претставата е во кореграфија на Мехмед Балкан, а на музика на Ерим Ардал и Ј. С. Бах, а ќе настапат дваесетина ексклузивни танчери на турскиот балет

Мехмед Балкан се смета за еден од најзначајните кореографи, не само во Турција, туку и на европската танцова сцена. Како млад танчер Балкан е добитник на награда на Светскиот балетски конкурс во Варна, по што развива светска танчерска кариера и настапува и на сцената на Метрополитен во Њујорк. Тој е долгогодишен уметнички директор, меѓу другото и на Националниот балет од Лисабон, Португалија, и како кореограф има остварено соработка со голем број значајни светски танцови ѕвезди и кореографи. Во моментов е главен кореограф и раководител на Националните балети во Турција како дел од Директоратот за култура во Анкара.

Во Турција постојат шест Државни опери и балети, кои се на исклучително високо уметничко и професионално ниво, со долгогодишна традиција.

Државната опера и балет од Измир е основана во 1982 година. Таа е една од најголемите уметнички институции во земјата, со голем број продукции. Оваа уметничка куќа ја промовира уметноста на танцот во својот регион и е предводник во запознавање на пошироката публика со танцот.

Балетот при Државната опера и балет од Измир, има остварено голем број турнеи во Турција, но и надвор од неа, секогаш со голем успех, заради високиот уметнички квалитет на продукциите и на танчерите, посочуваат од Танц фест. Нивните продукции се прикажуваат во Кипар, Германија, Италија, Франција, Шпанија, Кина, Босна и Херцеговина, Јапонија, Пакистан.

Би можело да ве интересира

Скопје ќе пречека стотици танчери в сабота на голем меѓународен танцов напревар

„Импулс“ – претстава на студентите од прва и втора година на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Започнуваат со работа програмите од втор циклус студии на Катедрата за современ танц при УГД

Ана Ололовска

Премиерна изведба на „Парадоксот на Диоген“ во МКЦ

Ана Ололовска

Почнува седмото издание на „Битрикс танцова лига“

Скопје танцовиот театар ја отвора сезоната со танцов перформанс и филм

Ана Ололовска