Македонските ракометни надежи поразени од Швајцарија

Од:

Машката јуниорска репрезентација на Македонија го загуби дуелот против Швајцарија, прв од квалификациите за Европското првенство за ракометари до 20 години кое летоска ќе се одржи во Данска.

На натпреварот кој се играше вечерва во „ББЦ Арената“ во Шафхаузен, младите македонски ракометари загубија од нивните швајцарски врсници со 21:15, иако на полувремето имаа предност од два гола 9:7.

Очајното второ полувреме во кое нашите надежи постигнаа 6, а примија дури 12 голови беше причината за овој пораз.

Во редовите на македонската репрезентација најефикасен беше Горан Крстевски кој средбата ја заврши со 4 постигнати голови, еден повеќе од Давод Палевски и Мартин Велковски.

Во првиот натпревар од оваа група Црна Гора одигра нерешено 25:25 во дуелот со Фарските Острови, репрезентација која на полувремето водеше со 13:12.

Токму ракометарите на Фарските Острови се следните противници на македонската репрезентација и тоа уште во првиот меч од програмата кој ќе започне од 17 часот. Во вториот од 19.30 часот ќе играат домаќинот Швајцарија и Црна Гора.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ