Квалификации ОИ: Словенија ја изненади Шпанија

Од:

Ракометарите на Словенија направија големо изненадување со победата над Шпанија на стартот од квалификациите за Олимписките игри во Рио летово.

Во првиот меч од квалификациската група 2, чии средби се играат во шведскиот град Малме, селекцијата на Словенија ја изненади и победи Шпанија со 24:21.

Иако Словенците по првиот дел имаа негатива од 4 гола разлика (12:16), сепак со неверојатната цврста игра во одбраната во вториот дел на Шпанците им дозволија да постигнат само 5 голови, а на спротивната страна предводени од Доленец и Маргуч да реализираат 12, за на крајот да остварат триумф со конечни 24:21.

Јуре Доленец со 6 и Гаспер Маргуч со 5 голови беа творци на победата на Словенија, која утре ќе игра против домаќинот Шведска, репрезентација која својот прв квалификациски меч го има вечерва и тоа во дуел со аутсајдерот Иран.

Би можело да ве интересира

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир

Еурофарм Пелистер убедлив против домаќинот Струга на отворањето на Меѓународниот Струшки ракометен турнир

Норвешките ракометарки по трет пат станаа олимписки шампиони

РФМ: Благодарност до македонската ракометна јавност

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ