Претседателот на Турската република Северен Кипар, признаена само од Турција, Мустафа Акинџи го назначи лидерот на конзервативната Партија на национално единство Хусеин Јузгургун за нов премиер, по оставката на коалициската влада, јави Танјуг.
Владата на Турската република Северен Кипар падна откако Партијата на национално единство во понеделникот излезе од владејачката коалиција поради несогласување со економската политика на кабинетот и Турската републиканска партија на поранешниот премиер Јомер Калонџу остана без мнозинство во Парламентот.
На тој начин беше ставен крај на првата коалиција меѓу најголемите партии на кипарските Турци од формирањето на Турската република Северен Кипар во 1983 година.