Касулидис оптимист за обединување на Кипар

Од:

Шефот на кипарската дипломатија Јоанис Касулидис изрази оптимизам за перспективите за повторно обединување со северниот дел на островот.

– Има искрени и ветувачки напори за да можеме да го решиме проблемот за Кипар. Првпат има напредок од двете страни, иако работеа сами без мешање од надвор, истакна Касулидис по средбата во Париз со францускиот министер за надворешнио работи Жан-Марк Еро.

Касулидис додаде дека постигнатиот напредок му дозволува да бидат оптимисти оти ако има решение автоматски ќе бидат отворени поглавијата за присоединување на Турција кон Европска унија, кои се замрзнати од Кипар.

– Успехот на преговорите за повторно обединување на Кипар ќе биде историски настан за Европа, за целиот регион, Посочи Еро.

Лидерите на двата дела на Кипар ги обновија преговорите во мај 2015 година, а интензивирани се од ноември со поддршката од Обединети нации, ЕУ и САД. Турција изрази надеж дека Кипар повторно ќе биде обединети во текот на годината.

Би можело да ве интересира

Познат првиот натпреварувач на Евровизија идната година : Тео Еван ќе го претставува Кипар во Базел

Предраг Петровиќ

Кипар испраќа два авиона за справување со пожарите во Свети Николе и Чашка

Ердоган: Турција е подготвена да изгради воена база на Кипар, доколку е потребно

Ердоган: За Кипар не е можно федерално решение

Претседателот на Кипар: Нема друга опција освен обединување на островот

Инфлуенсер меѓу фаворитите за изборите за ЕУ ​​во Кипар: Никогаш не сум гласал, не знам ништо за ЕУ