Најмалку 140 лица се убиени во текот на изминатите 15 дена во најголемиот град во Латинска Америка, Сао Паоло, соопшти полицијата.
Бројот на убиства во Сао Паоло почна драстично да се зголемува во септември, кога беа убиени 144 лица, се наведува на сајтот на службата, покрај податокот дека во градот од почетокот на годината се извршени 982 убиства.
Меѓу жртвите има и 90 полицајци, од кои повеќето се убиени додека не биле на должност, пренесуваат американските медиуми.
Официјален претставник на службата за јавна безбедност, кој посакал анонимност, изјави дека убиствата на полицајците се извршени по наредба на лидери на организирана криминална група, кои се наоѓаат во затвор.
Во некои реони на градот во последната недела продавниците и училиштата се затвораат порано, откако биле лиферувани гласини за воведување полициски час заради криминалната банда.
Властите соопштија дека лидерите на бандите кои изддржуваат затворски казни, а за кои се претпоставува дека користеле илегално внесени мобилни телефони за да ги организираат нападите, за да ја координираат продажбата на наркотици, убиствата на членови на конкурентски банди и за купување оружје, ќе бидат преместени во максимално чуван затвор, надвор од оваа држава.
Претседателката на Бразил Дилма Русеф го повика гувернерот на Сао Паоло, Хералдо Алкмина, да изготви план за намалување на стапката на криминал во градот.